Заев за BBC: Над 75% од граѓаните ќе излезат на референдум и ќе гласаат, сигурен сум во тоа (ВИДЕО)

 Breaking News

Заев за BBC: Над 75% од граѓаните ќе излезат на референдум и ќе гласаат, сигурен сум во тоа (ВИДЕО)

Заев за BBC: Над 75% од граѓаните ќе излезат на референдум и ќе гласаат, сигурен сум во тоа (ВИДЕО)
July 11
12:33 2018

Ова е историски момент за Македонија и ние мора да решиме каква иднина сакаме, вели премиерот Заев во интервју за ББС. Според Заев над 70% од граѓаните ќе го поддржат договорот на референдум. На прашањето дали е сигурен во тоа Заев одговори потврдно.

„ Многу сум сигурен. Анкетите покжуваат дека 75% поддржуваат членство во НАТО и дека над 75% од граѓаните ќе гласаат на референдумот“

Конечно по 27 години од нашата независност мораме да одлучиме каква иднина сакаме и ние ќе ја поддржиме таа иднина. Јас верувам дека над 70 од нашите граѓаните ќе го поддржат тоа, вели премиерот Заев во интервју за BBC.

Премиерот вели дека анкетите му даваат простор да биде сигурен дека референдумот ќе успее.

„На пример анкетите покажуваат дека над 75% поддржуваат влез во НАТО и ЕУ. Повеќе од 70% од нашите граѓаните веруваат дека ова прашање требаше да се реши подоцна или сега е добар момент. Повеќе од 75% ќе излезат на референдум и ќе гласаат.“ – вели Заев за BBC.

Прашан за опозицијата, Заев вели дека неосновано го обвинуваат дека работи спротивно на Уставот.

Тие не обвинуваат дека го кршиме Уставот и законите со Договорот со Грција но во теорија ова е само договор на кој го има мојот и потписот на нашиот МНР. Ќе има референдум, институциите по тоа ќе гласаат за промени на Уставот.

Има процес и по тоа во кој Грција Договорот ќе го ратификува во Парламентот и тогаш Договорот ќе биде активен.

Коментари

Коментари

Related Articles