Заев: Р.Северна Македонија за севкупна употреба, нови таблици со ознака NMK, референдум на есен, договор викендов (Видео)

 Breaking News

Заев: Р.Северна Македонија за севкупна употреба, нови таблици со ознака NMK, референдум на есен, договор викендов (Видео)

Заев: Р.Северна Македонија за севкупна употреба, нови таблици со ознака NMK, референдум на есен, договор викендов (Видео)
June 12
17:26 2018

Имаме историско, вековно решение. Градиме пријателство меѓу двете земји, коие никогаш не било поголемо. Решаваме две ипол децениски спор, за да ја извлечеме нашата земја од стегите на изолацијата, кој земјата ја влечеше надолу, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференција.

Се одваживме и продолживме напред. Нема веќе ФИРОМ, решаваме вековно прашање. Нашата добивка е бесценета. Република Северна Македонија за севкупна употреба, ќе се прецизира со амандман во Уставот, рече Заев.

Со договорот се гарантира дека на есен ќе има референдум, рече Заев.

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција попладнево информираше дека ќе ја извлечат Македонија од стеги на изолација и дека македонски јазик и македонски народ, Македонец ќе бидат заштитени и зајакнати еднаш засекогаш.

Името ќе биде Северна Македонија со превод на сите јазици.

Вели дека e исполнет со чувство дека има иднина за Македонија и македонските граѓани.

Имаме историско и вековно решение, кажа премиерот.

„Шансата е тука и мора да се искористи, храбро и смело, само така е патриотски“- рече Заев.

Според него, доаѓа подобро време за Македонија.

Викендов ќе се потпише договорот со Грција, но сè уште нема информации каде ќе се сретнат двајцата премиери. „Република Северна Македонија е новото решение за името“, соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата. Ќе се користи ерга омнес, со уставни измени. Јазикот останува македонски, без фуснота, националност – Македонец – граѓанин на Република Северна Македонија.

„Имаме историско вековно решение. Со ова решение го јакнеме идентитетот. Нема веќе ФИРОМ. Нема веќе ФИРОМ. Со овој договор ќе биде зајакнат македонскиот идентитет. Добиваме гаранција за безбедност.

Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во уставот. Јазикот-македонски без фуснота. Националност-македонска / граѓани на Северна Македонија (Macedonian/Citizens of North Macedonia)“, изјави Заев.

Договорот ќе биде валиден по референдумот и по ратификацијата на договорот за името, од тогаш почнува Република Северна Македонија за надворешна употреба, а за внатрешна употреба ќе почне со отварање на секое поглавје за членество во ЕУ.

Тој вели не се знае кога ќе биде средбата и дали конкретно ќе биде во Преспа, а референдумот ќе биде на есен.

-Секаде во светот постојат северни земји, горни не псотојат, заота Република Северна Македонија беше најприфатливо решение.

За идентитетот, секаде се употребува македонски, македонско и така натаму, но во државното ќе се употребува новото име. Ќе биде Влада на Република Северна Македонија, но ќе биде македонска Влада.

Кодовите ќе бидат МК и МКД, но таблиците на автомобилите ќе бидат НМК за да не провоцираме во Грција, рече Заев.

Тој ја поздравува храборста на Ципрас и Коѕсијас, бидејќи вели, добро е да се реши прашањето кое е тежина во двете земји.

-Направивме договор заснован на факти, но кој ги штити интересите на двете земји. Пријателството кое го засновавме јас и Алексис, или Никола и Никос ќе го преточиме и кај граѓаните. Начинот на промената во членот 49 од Уставот е како се води водење на грижата за дијаспората во Европската Унија, вели премиерот Заев.

Вели, верува дека граѓаните се најсилни од сите политички претставници, но очекува за вакви историски, крупни работи да остават шанса на успешен референдум.

-Ако граѓаните гласаат „За“ да успее референдумот, сите политичари може да се поклониме и тоа да го испочитуваме до крај. Институциите носат одлука за се, но во овој случај граѓаните ќе ја донесат одлуката. Јас ќе стојам позади тој потпис, рече премиерот.

Коментари

Коментари

Related Articles