Заев: Бизнисмени ајде почастете ги малку работниците, отворете го ќесето повеќе, екстра плата (ВИДЕО)

 Breaking News

September 13
13:43 2018

Еве денес и приватните компании се разбудени. Слушнав денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на реферндумот.

Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се оствараат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците од тоа што верува дека блеска Македонија во моментот, но и неговите инвестиции во оваа Македонија.

Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат „ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспективата“.

Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе, изјави Заев синоќа во Крива Паланка.

Коментари

Коментари

Related Articles