Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува волјата на народот, тогаш одиме на предвремени Избори

 Breaking News

Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува волјата на народот, тогаш одиме на предвремени Избори

Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува волјата на народот, тогаш одиме на предвремени Избори
September 30
21:39 2018

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека е спроведен мирен и демократски референдум и оти доколку видливо мнозинство од граѓаните гласале „за“ тогаш нивната волја треба да се спроведе во законодавниот дом, а во спротивно ќе бидат организирани предвремени парламентарни избори.

Волјата на оние кои гласаа на овој консултативен референдум треба да се претвори во политичка активност во законодавниот дом.

Ако навистина, како што очекуваме сите, имаме видливо големо огромно мнозинство „за“ од оние што гласале тогаш јасна е иднината.

Гласот на пратениците во Собранието, треба да биде глас за одлучно и одговорно да ги забрзаме процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ и за подобар живот на нашите деца и на сите граѓани на Македонија.

Очекуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат демократската одлука на мнозинството граѓани што гласале, а во спротивно ќе треба да ја употребиме другата алатка, а тоа значи предвремени парламентарни избори, рече Заев на прес-конференција во хотелот „Александар палас“.

Изрази очекување дека и покрај организираниот бојкот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, огромно мнозинство од граѓаните кои излегле на референдум го избрале европскиот пат.

Без разлика на организираниот бојкот од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, со чесни исклучоци, очекувам дека огромно мнозинство од граѓаните кои гласале, го избрале европскиот пат за Македонија, истакна Заев.

Додаде дека референдумот е највисока демократска алатка и оти гласот даден на референдум е конечен, а волјата на граѓаните е неприкосновена и мора да биде почитувана од сите.

Коментари

Коментари

Related Articles