За годинаипол добил 395 тендери во Македонија

 Breaking News

За годинаипол добил 395 тендери во Македонија

За годинаипол добил 395 тендери во Македонија
July 04
17:31 2018

Градоначалникот на ДУИ во општина Пласница Исмаил Јахоски запиша уште еден во низата тендери кои ги добива од државата. За последниот неговата фирма Пуцко Петрол ќе инкасира нови 50.000 евра.

Претходно, Јахоски ги доби и тендерите за набавка на нафта во Град Скопје за кои инкасираше дури 15 милиони евра.

Порталот МКД.мк направил анализа за вкупниот број на тендери кои оваа фирма ги добила од Владата во последните година и половина.

Според анализата на МКД, во која се објавени официјални документи од Бирото за јавни набавки, Јахоски добил неверојатни 395 тендери за кои неговата фирма инкасирала дури 34,56 милиони евра.

Коментари

Коментари

Related Articles