Во последните 3 месеци просечната плата се намалила за 8 евра во Македонија

 Breaking News

Во последните 3 месеци просечната плата се намалила за 8 евра во Македонија

Во последните 3 месеци просечната плата се намалила за 8 евра во Македонија
September 21
22:13 2018

За три месеци просечната плата во Македонија според Државниот завод за статистика се намалила за речи си 500 денари. Во јули, граѓаните во просек земале 437 денари помалку во однос на платата која ја добиле во мај.

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната плата во јули исплатена по вработен во Македонија изнесувала 24.509 денари.
Според истата институција, оваа плата е за 131 денар пониска од онаа која била исплатена во претходниот месец јуни.

Од ДЗС велат дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е регистрирана во секторите: Рударство и вадење на камен (26.6 %), Информации и комуникации (15.1 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.6 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.8 %), Преработувачка индустрија (2.1 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (1.2 %).

Коментари

Коментари

Related Articles