Во оваа земја паркинг се плаќа со чоколади, продавниците се празни – пропаст на некогашната велесила

 Breaking News

Во оваа земја паркинг се плаќа со чоколади, продавниците се празни – пропаст на некогашната велесила

Во оваа земја паркинг се плаќа со чоколади, продавниците се празни – пропаст на некогашната велесила
August 10
10:57 2018

Пред две години на венецуелските пазари овошјето се плаќало со кутии полни парички од 100 боливри.

Тоа тогаш воедно беше и највисоката деноминација во таа земја, а денес, поради незапирливата хиперинфлација, и тие парички се целосно неупотребливи.

Продавачите велат дека е сосема залудно да се примаат банкноти од 100, 500 или 1 000 боливри и многумина сега примаат само нови банкноти , оние од 100 000 боливри.

ММФ оваа недела предупреди дека инфлацијата во оваа јужноамериканска земја до декември би можела да биде милион отсто што е споредливо со економската криза во каква што Германија била пред Првата светска војна.

Венецуела, земја со докажано највисоки залихи на нафта во светот, се наоѓа насред пет години долга криза, поради која многумина не можат да си дозволат ни основни потреби како храна и лекови, а кога и би можеле, прашање е дали нешто можат да купат со оглед на празните полици во продавниците.

Стапката на криминал рапидно расте, константно уривајќи рекорди, поради што луѓето се плашат да ги напуштат куќите.

Очекуваме дека владата ќе продолжи со политика на проширување на базата пари со која се покрива фискалниот дефицит што само ќе допринесе на забрзување на инфлацијата и сеопшт колапс-пишува Алехандро Вернер, шеф на ММФ секторот за западната хемисфера.

За обичните граѓани, секојдневие станала борбата за преживување.

Ние сме милионери, ама сме сиромашни. Едвај имаме нешто за јадење, а ако се разболиме веројатно ќе умреме бидејќи цените на лекови се астрономски-вели 43 годишна медицинска сестра Маигавилда Оронос, која работи за минималец од 5 боливри што е едвај доволно за килограм месо.

Многумина за оваа состојба го обвинуваат Николас Мадуро, кој пак, во своја одбрана вели, како Венецуела е жртва на економска војна меѓу САД и Европа.

И покрај хиперинфлацијата и катастрофална ситуација тој и понатаму во свои раце држи огромна моќ која ја наследил од Уго Чавез.

Мадуро во мај го презеде вториот мандат иако опозицијата и дел од меѓународната заедница тврдеа дека победата била незаконска.

За разлика од Германија во 1920 година, граѓаните на Венецуела не возат коли полни пари за да купат намирници.

Тие се свртеле кон електронски трансакции, но проблемот е во тоа што 40 отсто од населението нема банкарски сметки, а други со незадоволство плаќаат преку картички или биткоини некои помали трансакции така што трампата станала многу вообичаена.

„Парадоксот е во тоа што оваа земја поминува низ тешка криза на инфлација, а никој нема кеш. Ќе видите богаташи кои паркинг плаќаат со чоколатки“, вели експертот Џеф Рамзи.

Поради оваа тешка ситуација голем број луѓе одлучиле да ја напуштат земјата, повеќе од нив стигнале во Колумбија каде, од неупотребливите боливри шијат чанти кои ги продаваат за 20 000 колумбиски пезоси.

Некои аналитичари се надеваат дека оваа ситуација би можела да доведе до пад на режимот на Мадуро.

„Венецуела сосема сигурно оди кон политичка нестабичност, но бо тој момент би можело да дојде до политичка транзиција“, вели Оливерос.

Коментари

Коментари

Related Articles