Во Калишта се наоѓа највредната икона – Богородица во црно, ова е Историјата за неа

 Breaking News

Во Калишта се наоѓа највредната икона – Богородица во црно, ова е Историјата за неа

Во Калишта се наоѓа највредната икона – Богородица во црно, ова е Историјата за неа
September 21
14:28 2018

Во те­кот на Вто­ра­та свет­ска вој­на, оку­па­тор­ска­та вој­ска ја вр­за­ла ико­на­та во че­лич­ни син­џи­ри и не­кол­ку па­ти ја фр­ла­ле сре­де езе­ро за да про­пад­не и да ја уни­штат, но ико­на­та по­сто­ја­но се ос­ло­бо­ду­ва­ла од син­џи­ри­те и се­ко­гаш се вра­ќа­ла на бре­гот пред ма­на­сти­рот.

Пре­крас­ни­от ма­на­стир­ски комп­лекс „Пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца“ се на­о­ѓа во бли­зи­на на Стру­га и на се­ло­то Ка­ли­шта.

Ма­на­сти­рот е по­ста­вен на охрид­ско­то крај­бреж­је, кај хо­те­лот „Би­сер“, во пре­кра­сен и при­ро­ден кар­пест ам­би­ент.

Цен­трал­но ме­сто во комп­ле­ксот има ма­ла­та пе­штер­ска цр­ква, ко­ја е из­гра­де­на не­ка­де во 14 век и прет­ста­ву­ва ос­но­ва на це­ли­от ма­на­стир­ски комп­лекс.

Таа се на­о­ѓа во кар­па и има три мо­на­шки ќе­лии: две на пр­ви­от кат и ед­на на вто­ри­от кат.

Во се­ко­ја од ќе­ли­и­те се вле­гу­ва низ со­се­ма ма­ла и тес­на вра­та, а и са­ми­те ќе­лии се ма­ли про­сто­рии пол­ни со исто­ри­ја и со ду­хов­ност.

До­стап­ни се за по­се­ти­те­ли, па се­кој мо­же да за­че­ко­ри по стап­ки­те на мо­на­си­те и да по­не­се дел од нив­ни­от мир.

Ов­де во ми­на­то­то пре­сто­ју­ва­ле и ра­бо­те­ле мно­гу истак­на­ти ин­те­ле­кту­ал­ци, ме­ѓу кои би­ле и Ди­ми­тар и Кон­стан­тин Ми­ла­ди­но­ви.

Во комп­ле­ксот е сме­сте­на и по­го­ле­ма цр­ква, „Рож­дес­тво на пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца“, ко­ја да­ти­ра од 17 век, а во 1977 го­ди­на би­ла ре­но­ви­ра­на.

– Нај­комп­ле­ксен и најз­на­ча­ен об­јект е цр­ква­та „Ра­ѓа­ње на пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца“ во ма­на­сти­рот Ка­ли­шта.

Тоа ве­ру­вам де­ка е нај­стар кул­тен об­јект, а она што е осо­бе­но важ­но е автен­тич­но­ста на мо­на­шки­те ќе­лии кои до ден-де­нес се со­чу­ва­ни во ори­ги­нал­на­та из­вор­на фор­ма – ве­лат од Му­зе­јот во Стру­га.

До­ма­ќи­нот на комп­ле­ксот на дол­го ни рас­ка­жу­ва­ше за си­те цр­кви на ова ме­сто, за пр­ви­от мо­нах кој ов­де до­шол во 11 век и спро­вел кон­ти­ну­и­ран мо­на­шки жи­вот, што е ре­ткост на Бал­ка­нот, за ход­ни­ци­те и за ту­не­ли­те во кои се ти­ху­ва­ло за да мо­же по­тоа со чи­сто ср­це и ис­пос­нич­ки дух да му се слу­жи на Бо­га.

А ќе ни рас­ка­же и за ед­на од две­те уни­кат­ни ико­ни во све­тот.

Ко­га ќе вле­зе­те ов­де, мо­же­те да ја ви­ди­те единс­тве­на­та ико­на во Ма­ке­до­ни­ја на ко­ја Бо­го­ро­ди­ца е на­цр­та­на во цр­но.

– Ов­де, и на ни­ед­но дру­го ме­сто во Ма­ке­до­ни­ја, е до­мот на единс­тве­на­та ико­на на ко­ја Мај­ка­та Бож­ја е нас­ли­ка­на во цр­на об­ле­ка и со цр­но ли­це, а и де­те­то Исус е цр­но.

Поз­на­та ка­ко Бо­го­ро­ди­ца во цр­но, ико­на­та е про­нај­де­на во ма­ла­та пе­штер­ска цр­ква и се чу­ва во по­го­ле­ма­та цр­ква. Оваа ико­на е ед­на од нај­вред­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја и се ве­ру­ва де­ка има не­ве­ро­јат­на ле­ко­ви­та моќ.

Ико­ни­те на кои Бо­го­ро­ди­ца е нас­ли­ка­на со цр­на бо­ја се на­ви­сти­на ре­тки.

Во Евро­па има око­лу 450 ва­кви ико­ни, и ток­му ед­на од нив е сме­сте­на во ма­на­стир­ски­от комп­лекс Ка­ли­шта – ни ре­че до­ма­ќи­нот.

Ико­на­та Цр­на Бо­го­ро­ди­ца ја нас­ли­кал не­кој мо­нах, во тем­ни­те мо­на­шки ќе­лии, со те­мен лик, спо­ред ви­зи­и­те Гос­по­до­ви. Са­ми­от Бог ја об­да­рил со чу­до­твор­ност.

– Пос­лед­ни­от за­пис што по­стои за чу­до­твор­но­ста на ико­на­та е од Вто­ра­та свет­ска вој­на.

Име­но, фа­ши­стич­ки­те оку­па­то­ри што би­ле на оваа те­ри­то­ри­ја, ја вр­за­ле ико­на­та во че­лич­ни син­џи­ри и не­кол­ку па­ти ја фр­ла­ле сре­де езе­ро за да про­пад­не и да ја уни­штат.

Ме­ѓу­тоа, ка­ко тие ја фр­ла­ле сре­де езе­ро, та­ка ико­на­та се ос­ло­бо­ду­ва­ла од син­џи­ри­те и се­ко­гаш се вра­ќа­ла на бре­гот пред ма­на­сти­рот – ве­ли до­ма­ќи­нот на ма­на­стир­ски­от комп­лекс „Пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца“ во Ка­ли­шта.

Ка­ли­шки­от ма­на­стир сме­стен крај Охрид­ско Езе­ро го пле­ни се­кој по­се­ти­тел со сво­ја­та уба­ви­на, мир и ду­хов­ност. И ту­ри­сти­те одам­на го откри­ја овој рај.

– Има мно­гу цр­кви и ма­на­сти­ри. Не са­мо ов­де, зна­е­те, це­ло­то крај­бреж­је е со цр­кви и не слу­чај­но се на­пра­ве­ни овие цр­кви ту­ка – ве­ли еден по­се­ти­тел од Скоп­је.

И ту­ри­сти­те одам­на го откри­ја овој рај.

– Да, ова е пр­ва на­ша по­се­та на Ма­ке­до­ни­ја и за неа слуш­нав­ме од на­ши при­ја­те­ли. Мно­гу е уба­во, пре­крас­на при­ро­да и при­ја­тел­ски на­род – ве­ли по­се­ти­тел од Хо­лан­ди­ја.

Се­стринс­тво­то на ма­на­сти­рот „Рож­дес­тво на Пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца“ од не­о­дам­на поч­на со изра­бо­тка на тем­јан.

Тем­ја­нот се пра­ви спо­ред ори­ги­на­лен све­то­гор­ски ре­цепт, со ве­ко­ви на­то­пу­ван од сол­зи­те на мо­ли­тве­но­то по­ка­ја­ние на мно­гу­број­ни­те бо­го­у­год­ни­ци од овој свет остров.

За­ста­пе­ни се око­лу 15 ви­да, ме­ѓу кои тем­јан со ми­рис на зум­бул, гар­де­ни­ја, ки­па­рис, ке­дар, трен­да­фил, јас­мин, ка­ран­фил, пас­ха­ли­ја, руз­ма­рин, крин, маг­но­ли­ја, ми­ро, ви­зан­ти­но и сл.

Ов­де сè е све­то. Не са­мо ис­це­ли­тел­на­та во­да што из­ви­ра под цр­ква­та по­све­те­на на св. Пе­тар и Пав­ле, ту­ку це­ли­от крај, се­кој ка­мен, се­ко­ја ико­на и фре­ска, цар­ски­те две­ри и сè во овој комп­ле­ксен храм зра­чи со воз­нес кој ќе ве оп­фа­ти со не­ве­ро­јат­на си­ли­на и ќе ве на­те­ра по­сто­ја­но да на­вра­ќа­те ту­ка.

Ако не фи­зич­ки, то­гаш со ду­хот ќе би­де­те за­ро­бе­ни во веч­но­ста на пре­де­лот. Извор: Република.

Коментари

Коментари

Related Articles