ВМРО-ДПМНЕ до 10 септември ќе соопштат дали ќе повикаат на бојкот на референдумот

 Breaking News

ВМРО-ДПМНЕ до 10 септември ќе соопштат дали ќе повикаат на бојкот на референдумот

ВМРО-ДПМНЕ до 10 септември ќе соопштат дали ќе повикаат на бојкот на референдумот
August 07
17:16 2018

ВМРО-ДПМНЕ до десетти септември односно до почетокот на кампањата за референдумот, ќе го соопшти својот став дали ќе повика на бојкот или да се излези и да се гласа против.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицковски, за Канал5 вели дека добил понуда за влез во владата но демантира дека барал измени на кривичниот законик односно амнестија.

ВМРО-ДПМНЕ во минатото во многу наврати го има кажано и повторено својот став кој се однесува на принципот на промена на Уставот, а со цел промена на уставното име, истакна во интервјуто за Канал 5 телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и јас вклучително и раководството на партијата во многу наврати го кажаа својот став околу содржината на овој договор, квалитетот, но и последиците кои понатаму ќе произлезат откако овој договор некогаш би се имплементирал.

ВМРО-ДПМНЕ многу активно учествуваше за време на лидерската средба со свои предлози за референдумот, евентуалниот, имајќи предвид дека мнозинството во Собранието го распишува референдумот.

Се обидовме да повикаме на разум и да ги предупредиме колегите од СДСМ и ДУИ дека мора да се почитува закнот за референдум и Уставот, како и прерораките не Венецијанската комисија што подразбира дека прашањето не смее да биде збунувачко, не смее да има повеќе значења, како што е случајот со прашањето кое ќе биде дел од референдумот на 30 септември.

Прашањето треба да биде едносмислено, еднозначно и да се однесува на договорот кој го потпиша Република Македонија со Република Грција, нагласи Мицкоски.

-Направивме детална анализа на локалните избори во 2017 година, ги детектиравме потенцијалните измами кои тогаш се случија. Претседателот на ДИК ни е многу важен за да не се дозволи злоупотреба на избирачкиот материјал.

ВМРО-ДПМНЕ во рамките на ова лето има акција која што е наречена „Лето за Македонија“ и во рамките на таа акција правиме консултација со многу граѓани секој ден, правиме консултации со стотици граѓани, се разбира и со членството на партијата, со партиските структури, со општинските комитети.

Како што знаеме кампањата за референдумот отпочнува некаде на 10-ти септември и до тогаш се надевам оваа акција ќе трае, така што јавноста благовремено ќе биде информирана за сите чекори на ВМРО-ДПМНЕ во иднина, потенцираше Мицкоски.

На прашањето дали можеше да се постигне подобар договор со Грција тој вели дека доколку тој се прашува секако дека можеше да се постигне договор, затоа што содржината, но и импликациите кои што се резултат на овој т.н. договор се катастрофални за Република Македонија.

Во тој контекст Мицкоски истакна дека тој останува принципиелен и дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е неменлив и тој е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати промена на Уставот, а со цел промена на уставното име.

Коментари

Коментари

Related Articles