Владата во вторник ќе одлучи дали ќе го разреши директорот на БЈБ, Лазо Велковски

 Breaking News

Владата во вторник ќе одлучи дали ќе го разреши директорот на БЈБ, Лазо Велковски

Владата во вторник ќе одлучи дали ќе го разреши директорот на БЈБ, Лазо Велковски
August 09
12:45 2018

На седница на Владата во вторник ќе се одлучува дали директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски ќе биде разрешен од својата функција, по скандалот со службениот ип на МВР виден во Грција, објави „Слободен печат“.

Од Владата очекуваат да го добијат предлогот од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за разрешување на Велковски. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа и оставка од министерост Спасовски.

Во својот исказ, директорот Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство, а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама.

Заради што тој одлучил да го ангажира членот на своето обезбедување. Во овој случај целосно не било спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување“ се вели во соопштението на МВР.

Коментари

Коментари

Related Articles