Владата по итна постапка го менува законот за минимална плата во Р. Македонија

 Breaking News

Владата по итна постапка го менува законот за минимална плата во Р. Македонија

Владата по итна постапка го менува законот за минимална плата во Р. Македонија
July 04
10:34 2018

Владата ќе го менува Законот за минимална плата. Како што соопшти владината прес служба, на вчерашната седница била донесена одлука со помош од буџетот да се поттикнуваат фирмите да даваа плати повисоки од минималната.

„Со предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, за кој министрите се согласија дека треба да се донесе по скратена постапка, се уредува финансиска поддршка за раст на платите во повисок износ од минималната плата.

Целта е да се поттикнат работодавачите да исплаќаат плати на работниците во повисок износ од минималната плата утврдена со овој закон, за подобрување на економскиот стандард и поттикнување на економскиот раст и развој во Република Македонија.

Со предложените измени и дополнувања на Законот за исплата на минимална плата во Република Македонија ќе се поттикне спиралата за покачување на платите. “ – стои во владиното соопштние.

Коментари

Коментари

Related Articles