Васко Белески со порака до пратениците: Пратеници, паметот во глава!

 Breaking News

Васко Белески со порака до пратениците: Пратеници, паметот во глава!

Васко Белески со порака до пратениците: Пратеници, паметот во глава!
May 16
07:52 2018

„Пратеници, паметот во глава!

За Заев веќе знаеме, како и зошто е донесен на власт, и неслучајно амбасадорите го викаат “one-issue Prime minister”.

Според досега виденото, Заев од свои лични, судски и политички побуди треба да се согласи на грчкото барање за промена на името .

Но, ниеден договор за името на државата Република Македонија не може да се оствари без гласот на пратениците во Собранието, без Претседателот на државата и без народот на референдум.

Во Претседателот Иванов и во народот имам верба, но гледајќи како некои пратеници менуваат собраниски фотељи за личен интерес, морам да кажам во пратениците се сомневам и тоа дебело се совневам.

Пред изборите 2016та ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ не кажа јавно дека ќе гласа за промена на уставното име, или пак дека ќе гласа за промена на Уставот во однос на државното име.

А народот чул што ветиле, гласал, и го пренел својот суверенитет на пратениците во Собранието, за тие да постапуваат по ветеното и никако поинаку.

Затоа секој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да знае дека секое спротивно постапување и секое гласање за договор за смена на името и секое гласање за промена на Уставот е груба изборна измама спрема гласачите од кои го добиле мандатот.

Секое гласање во Собранието на Република Македонија кое е спротивно на ветеното, пред гласачите е еднакво на изборна корупција, а за корупцијата пак се одговара и морално и законски. Да тоа кривично дело никогаш не застарува.

Затоа, господа пратеници, паметот во глава – не заборавајте дека народот е тој што ви дава и тој што ви зема. Дека народот е тој што ве наградил, но и тој што ќе ве казни.

Не си поигрувајте со името на нашата држава, не си играјте со чувството на народот во Република Македонија!“ гласи статусот на Васко Белески, на неговата фејсбук страница.

Коментари

Коментари

Related Articles