Утре ќе се прска против комарци во Скопје

 Breaking News

Утре ќе се прска против комарци во Скопје

Утре ќе се прска против комарци во Скопје
August 09
12:39 2018

Утре почнува третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, известуваат од Град Скопје:

1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива од 10.08.2018 (петок) и ќе трае 4 дена, односно до 13.08.2018 (понеделник), во раните утрински часови.

2.Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 13.08.2018 до 17.08.2018 (од понеделник до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Од Град Скопје велат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Коментари

Коментари

Related Articles