Цуцуловски: Будали и предавници имало и ќе има, ама олку будали – никогаш!

 Breaking News

Цуцуловски: Будали и предавници имало и ќе има, ама олку будали – никогаш!

Цуцуловски: Будали и предавници имало и ќе има, ама олку будали – никогаш!
February 06
08:57 2018

„СЛОГА, РАЗБИРАЊЕ И ЉУБОВ. Еве како функционира ЕУ, симболот на слогата, разбирањето и љубовта помеѓу сите луѓе и народи, без било каков исклучок.

Вчера, во Атина, излегоа на улици (според некои проценки) речиси милион протестанти, кои извикуваа дека не постојат Македонци.

Односно, не дека не постоеле Македонци, туку дека Македонците постоеле како Грци. Од „братската“ бугарска држава, исто така членка на ЕУ, веднаш се јавија со спротивставен став.

Според бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, Македонци не постоеле. Односно, не дека не постоеле, меѓутоа постоеле, како што убаво се изрази, како нашенци (т.е. Бугари), кои говореле на нашенски (т.е. бугарски) език и ги имало и во егејскиот дел од Македонија, наспроти беженците, т.е. маџирите, кои не биле Македонци, односно Бугари. Што биле, не кажа.

Тоа, сепак, не е битно. Битно е дека двете земји на ЕУ „пријателски“ и „сложно“ разговараат, бидејќи во ЕУ не постои ништо друго освен слога, слога и само слога.

Таму нема ни спорови околу границите, националната припадност, историјата или нешто слично на тоа. Во овој галиматијас се вмеша и свештено лица од СПЦ, кои излезе со став дека не може да нема Македонци, туку дека има само Македонци, кои не биле ниту Бугари, ниту Грци, туку Македонци, макар што СПЦ не ја признава МПЦ.

Во меѓувреме, се работи на формирање заедничка македонско-бугарска, односно бугарско-македонска комисија (може да биде и само бугарска – No Problem!) која треба да расчисти што се случило во април 1941 година; кој ги убил и дали ги убил младинците од Ваташа; што било на 11-ти Октомври 1941; дали присуството на бугарските војници на тлото на Македонија (како во вардарскиот, така и во егејскиот/грчкиот дел) за време на Втората светска војна било окупација или припојување на старите краеви кон мајка Бугарија.

Паралелно течат преговорите за името, јазикот, историјата…

Таман името ќе се промени, а македонската историјата, со бугарска помош, ќе се корегирира, балканците ќе сфатат дека, во меѓувреме, ЕУ ја снемало.

А, македонските космополити, европејци и секакви певци, повторно ќе повторуваат како не биле навреме сфатени. Ако биле навреме сфатени, тогаш…

Будали и предавници имало и ќе има. Ама,
олку будали – никогаш!„ напиша Љубомир Цуцуловски на својата фејсбук страница.

Коментари

Коментари

Related Articles