Три милиони килограми праски од Росоман извезени во Русија

 Breaking News

Три милиони килограми праски од Росоман извезени во Русија

Три милиони килограми праски од Росоман извезени во Русија
July 27
14:31 2018

Околу три милиони килограми праски од Росоманско сезонава се извезени во Русија, а се очекува во наредниот период на рускиот пазар да заминат уште до два милиона. –објавува МИА.

Игор Милошевиќ од Здружението „Росоманска долина” информираше дека и во земјава биле продадени околу три милиони килограми од ова овошје. Во домашните преработувачки капацитети пак, завршиле околу милион килограми праски. Во моментов се бере сортата „крес хевен”, а цената е од 18 до 20 денари за килограм.

– Намалена е побарувачката за Косово. Знаете, претходно доаѓаа со камиони, сега претежно доаѓаат трговци од Скопје по праски во регионов, што е најголем производител на ова овошје – соопшти Милошевиќ.

Тој додаде дека во Росоманско има околу 700 хектари насади со праскови дрвца и неколку пунктови кои вршат откуп на праски за Русија.

Коментари

Коментари

Related Articles