Трамп со порака за Иванов пред референдумот: Договорот од Преспа го отвора патот

 Breaking News

Трамп со порака за Иванов пред референдумот: Договорот од Преспа го отвора патот

Трамп со порака за Иванов пред референдумот: Договорот од Преспа го отвора патот
September 06
14:14 2018

Договорот од Преспа го отвора патот на Македонија до членството во НАТО и ЕУ, му пишува американскиот претседател Доналд Трамп на својот македонски колега Ѓорѓе Иванов, по повод Денот на независноста-8 Септември.

„Македонија има многу причини годинава да биде горда. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот спор за името со Грција и го отвара патот на Македонија за членство во НАТО и во ЕУ.

Договорот и членството на Македонија во НАТО ќе ги зајакнат безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион.

САД се подготвени да ја поддржат Македонија, особно во претстојните разговори за Вашето членство во НАТО. Им посакувам се најдобро на македонските граѓани на овој посебен ден“, напиша Трамп во честитката, објавена денеска од Американската амбасада во Скопје.

Коментари

Коментари

Related Articles