Талат Џафери не му даде збор на Илија Димовски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тропаа по масите

 Breaking News

Талат Џафери не му даде збор на Илија Димовски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тропаа по масите

Талат Џафери не му даде збор на Илија Димовски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тропаа по масите
July 17
18:31 2018

Претседателот на Собранието, Талат Џафери не му даде збор на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој неколку минути ббараше да добие збор процедурално на денешната седница, на која на дневен ред е предлог законот на Владата за измени во изборниот законик.

Џафери не му даде збор на Димовски со образложение дека тој повеќе не е координатор на пратеничката група. По ова пратениците на опозициската ВМРО почнаа да тропаат по масите.

Џафери продолжи со работа откако во Собранието беше исгласана потребата од носење на измените на изборниот законик по скратена постапка.

Предлогот кој Владата го достави до Собранието за измени на изборниот законик е со европско знаменце, а во образложението се наведува дека целта е да се деблокира процесот за избор на ДИК. Од Владата бараат измените на изборниот законик да се гласаат по скратена постапка, но опозицијата не се согласува со овој предлог.

Коментари

Коментари

Related Articles