Тајниот лек за опекотини од сонце се крие во вашиот фрижидер

 Breaking News

Тајниот лек за опекотини од сонце се крие во вашиот фрижидер

Тајниот лек за опекотини од сонце се крие во вашиот фрижидер
May 16
01:32 2018

Најверојатно никој сеуште не се сетил да волку рано почне да користи крема за сонце, а сончевите зраци овие денови се толку изнтензивни , што некои од луѓето се здобија со изгореници.

После топлите мајски празници и порастот на пролетните температури со рекордна брзина, се повеќе луѓе ќе ги осетат болните ефекти од сончевите зраци. Најверојатно помал дел од луѓето се сетиле на време да ја заштитат својата кожа, а сигурно има и такви кои се здобиле со опекотини , а сигурно има и такви кои почнале да се лупат.

Секој има искуство со кожа која поцрвенела од сонце и знае дека тоа ќе биде болно-но за среќа лекот го имате во важиот фрижидер. Ладното млеко е најдобар одговор на болката од опекотина, барем така вели њујоршкиот дерматолог Џошуа Зајхнер.

Оштетувањата на кожата предизвикани од УВ зраците може да биде причина за некои кожни заболувања , па поради тоа е многу важно да нанесувате крема за сончање пред излегувањето на сонце а , доколку сончевите зраци се многу интензивни многу е битно да ја нанесувате кремата за сончање повеќе пати.

Во екстремни случаеви по горењето на кожата се јавуваат пликви после кои кожата се лупи. Во тој случај ладното млеко ќе помогне да кожата побро се олади и да побрзо заздрави, бидејќи протеините во млекото ја смируваат кожата.

Млекото е богато со витамини А и Д , аминокиселини, масти , протеини, сурутка и казеин, тоа се состојките кои и помагаат на кожата да заздрави. Витамините ќе и помогнат да заздрави, додека млечната киселина и помага на кожата да се ослободи од мртвите клетки. Некои дерматолози велат дека и јогуртот и павлаката можат да помогнат.

Како да го користите млекото за да ги олесните опекотините од сонцето ?

Се што треба да направите е да ставите малку ладно млеко на газа и газата ставете ја на кожата која е изгорена, но бидете внимателни при ставањето да не ја притискате кожата бидејќи можете да ја иритирате опекотината и да си предизвикате болка.

Коментари

Коментари

Related Articles