Сума од која ќе ви се сврти во глава: Кралската свадба претворена во бројки!

 Breaking News

Сума од која ќе ви се сврти во глава: Кралската свадба претворена во бројки!

Сума од која ќе ви се сврти во глава: Кралската свадба претворена во бројки!
May 15
10:42 2018

Подготовките за венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, која е закажана за 19. мај е во тек, а според некои проценки, свадбата ќе чини 566.000 евра.

Во тие проценки не се вклучени трошоците за безбедносните мерки. На свадбата ќе има околу 600 гости, додека прославата ќе може да ја гледаат 2.640 „обични луѓе“.

Венчавката инаку ќе се одржи во капелата Свети Џорџ во дворецот во Виндзор, кој може да собере 800 луѓе.

Се очекуваат околу 100.000 луѓе од целиот свет да дојдат во Виндзор за да ја гледаат кралската венчавка. Продавниците во Виндзор се снабдени за да ги задоволат сите гости.

Туристичкиот водич низ Англија проценува дека вечавката би можела да донесе повеќе од 90 милиони евра на националната економија и да го поттикне локалниот туризам.

Коментари

Коментари

Related Articles