Страшна несреќа за 1 Мај во Македонија: Малолетници со кола паднаа во реката „Луда Мара“

 Breaking News

Страшна несреќа за 1 Мај во Македонија: Малолетници со кола паднаа во реката „Луда Мара“

Страшна несреќа за 1 Мај во Македонија: Малолетници со кола паднаа во реката „Луда Мара“
May 01
20:20 2018

Автомобил слета во реката Луда Мара од последниот мост на излезот од кавадаречкото село Ваташа.

Од службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом Кавадарци и кавадаречката полиција за МИА ја потврдија сообраќајната несреќа.

Возилото марка „лада самара“ со скопски регистарски таблички било упавувано од 17-годишен возач од Кавадарци, кој се движел во правец од Кавадарци кон месноста Моклиште. На критичното место, на излез од селото Ваташа со возилото излетал од мостот, при што се здобил со телесни повреди.

Во возилото имало уште четворица малолетници. Причина за незгодата е неприлагодување на брзината на движење кон усповите на патот. Патничкото возило е со измината важност на регистрација, а возачот го управувал возилото пред да се стекне со право на управување на моторно возило, информира Каракулев.

Коментари

Коментари

Related Articles