Стигнува порано од што се очекуваше: Ѕвезда се движи кон сончевиот систем

 Breaking News

Стигнува порано од што се очекуваше: Ѕвезда се движи кон сончевиот систем

Стигнува порано од што се очекуваше: Ѕвезда се движи кон сончевиот систем
May 15
10:30 2018

Новата пресметка на шпанските научници покажува дека една ѕведа, која се движи кон сончевиот систем, ќе му се доближи на Сонцето на помала одалеченост, од што се мислеше.

Според новите пресметки, „Глиси 710“ би требало да стигне до Сончевиот систем за 1,29 милиони години, наместо за 1,36 милиони.

Таа би требало да премине низ внатрешниот дел од сончевиот систем, а се движи со 51.500 км/ч низ Млечниот пат.

Уште од 1996. година е познато дека таа патува кон Сончевиот систем, меѓутоа научниците пред неколку години собраа доволно податоци за прецизно пресметување на нејзината одалеченост и брзина.

Таа ѕвезда има маса која изнесува само 60% од масата на Сонцето, па така со својата гравитација може да влијае само на телата во околина од 40 астрономски единици (одалеченост од Сонцето до Земјата).

Коментари

Коментари

Related Articles