СТИГНАА РУСИТЕ: Спасувачи-специјалци и големи пумпи пристигнаа во Македонија – на готовс уште многу повеќе!

 Breaking News

СТИГНАА РУСИТЕ: Спасувачи-специјалци и големи пумпи пристигнаа во Македонија – на готовс уште многу повеќе!

СТИГНАА РУСИТЕ: Спасувачи-специјалци и големи пумпи пристигнаа во Македонија – на готовс уште многу повеќе!
August 11
13:16 2016

„Тим од 20 спасувачи од руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш пристигнаа во Македонија за да помогнат во расчистувањето по поплавите во најтешко погодените подрачја“, ја пренесува ТАСС изјавата од руската амбасада во Македонија.

Според информациите на агенцијата, спасувачите доаѓаат со опрема и пумпи за испумпување вода.

Пучков во телеграмата до Министерот за внатрешни работи, го изразил неговото сочувство за жртвите кои ги загубија животите во катастрофалните поплави кои го зафатија Скопје и понудил итна помош за Македонија.

„Би сакал да понудам практична асистенија и помош преку нашето министерство и ЕМЕРКОМ за елимиирање на последиците од природната катастрофа“ – изјавил Пучков.

Вечерта саботата кон неделата Скопје беше погодено од елементарна непогода, која доведе до катастрофални поплави во Скопје и околината, а најпогодени се Арачиново, Стајковци, Сингелиќ, Црешево итн..

Руското Министерство за вонреди ситуации веќе организираше кооперативна акција во Центарот за вонредни ситуации во Ниш, како и со Руското министерство за надворешни работи и Руската амбасада во Македонија. Досега, од Рускиот центар за вонредни ситуации во Ниш во Македонија се пристигнати 20 спасувачи и две големи пумпи за извлекување на вода.

4528

Коментари

Коментари

Related Articles