Според ова на кората на лубеницата секогаш може да ја изберете најблагата

 Breaking News

Според ова на кората на лубеницата секогаш може да ја изберете најблагата

Според ова на кората на лубеницата секогаш може да ја изберете најблагата
August 10
10:52 2018

Има многу трикови и „финти“ за одредување на идеалната лубеница, но за оваа велат дека проверено успева. И навистина е едноставна.

Потребно е само да обрнете внимание на делот на лубеницата кој е често занемраен. Избегнувајте лубеници кои имаат мека кора и бирајте ги оние кои се тешки, а особено обрнете внимание на бојата околу дршката.

Местото на кое лубеницата била поврзана со листот додека растела може да ви каже многу за зрелоста на лубеницата и тоа дали е подготвена за јадење или е зелена. Овој дел треба да биде благо жолта боја, бидејќи доколку е зелена тогаш лубеницата не е доволно зрела и ќе има вкус на краставица.

Доколку е премногу жолта, тоа може да биде знак дека е презрела и таква подобро да се избегнува. Затоа секогаш бирајте ја онаа лубеница чија дршка е најприближно е во боја на путер, и нема да погрешите.

Коментари

Коментари

Related Articles