Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не дадоа помош за Сара, ама дадоа за кафаните оштетени во невремето

 Breaking News

Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не дадоа помош за Сара, ама дадоа за кафаните оштетени во невремето

Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не дадоа помош за Сара, ама дадоа за кафаните оштетени во невремето
October 30
17:06 2018

Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не дадоа помош за Сара, ама дадоа за кафаните оштетени во невремето, јавува Охрид1.

Советот на Општина Охрид денес не ги изгласа предложените измени на дневниот ред со кој требаше од дневен ред да се симне точката за прифаќање на елаборатите за нанесени штети на платформите на рестораните и кафетериите во невремето, и не се согласија на дневен ред да се постави точка за доделување 1 милион денари за помош за лекување на Сара Настоска од Охрид.

Градоначалникот Јован Стојаноски појасна дека и да се изгласа одлуката, општината нема да може да ги исплати средствата бидејќи вирманот нема трезорски да помине од проста причина што се работи за немање законска можност за исплата по тој основ.

Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ гласаа воздржано по оваа точка, а за гласаа само советници од етничките заедници.

Од друга страна рестораните и кафетериите претрпеа енормни штети во невремето минатата пролет, и согласно Закон имаат право да бараат надомест на штета. Извор видео Охрид1.

Коментари

Коментари

Related Articles