Штип со финални подготовки за „Пастрмајлијадата“

 Breaking News

Штип со финални подготовки за „Пастрмајлијадата“

Штип со финални подготовки за „Пастрмајлијадата“
September 12
17:20 2018

Се финализираат техничките детали за традиционалната манифестација „Пастрамајлијада“. Советникот за јавни дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов вели дека речиси се е подготвена за 12-то издание за манифестацијата, која и годинава ќе се одржи на добро познатата локација, кај кружниот тек кај Градскиот стадион.

На оваа локација ќе бидат поставени околу триесетина штандови од страна на угостителите, но и тезги каде што локални уметници ќе може да ги презентираат своите изработки. Утврдена е и цената на познатиот штипски гурамнски бренд. Панајотов вели дека цената е 120 денари и е иста како минатата година.

На терен ќе има контроли, кои ќе утврдат дали угостителите отстапуваат од утврдените стандарди за подготовка на штипската пастрамајлија, вели Панајотов.

Од општината повикаа угостителите да не импровизираат, оваа година општината има издвоено 2.500.000 денари за оваа манифестација. На 21, 22 и 23 септември ќе настапат Влатко Стефановски, Ван Гог, Северина, Амадеус Бенд и познати имиња од македонската естрада.

Коментари

Коментари

Related Articles