Шеќеринска сака да биде претседателка, името ги забави кандидатурите

 Breaking News

Шеќеринска сака да биде претседателка, името ги забави кандидатурите

Шеќеринска сака да биде претседателка, името ги забави кандидатурите
July 10
08:07 2018

По добивањето на поканата за членство во НАТО, Македонија очекува да седне на маса со Алијансата и процесот на зачленување да не потрае подолго од шест месеци – изјави вицепремиерката Радмила Шеќеринска во интервју за Радио Слободна Европа, додавајќи дека не очекува да се појават дополнителни проблеми во текот на процесот, пишува Експрес.

Шеќеринска изјави дека референдумот и затворањето на прашањето со името личат на историјата околу независноста на земјата.

Таа не прецизираше дали се планираат конкретни мерки против Претседателот кој одбива да го потпише указот за Законот за ратификување на договорот со Грција, но рече дека постојат неколку опции.

Потпретседателката на СДСМ не ја негираше можноста за нејзино кандидирање на следните претседателски избори. Во една нормална земја, додаде таа, кандидатурите сега веќе би требало да бидат објавени, но ситуацијата со името го одвлекла вниманието од другите прашања. Извор: Експрес.мк

Коментари

Коментари

Related Articles