Се слави летна Света Петка: Жените никако не смеат да го прават ова

 Breaking News

Се слави летна Света Петка: Жените никако не смеат да го прават ова

Се слави летна Света Петка: Жените никако не смеат да го прават ова
August 08
15:15 2018

Денеска е Св. преподобна маченичка Петка. Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух.

Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд.

Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.

На денешен ден се избегнува да е работата тешки работи на нива и дома. Порано жените верувале дека на денешен ден не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за на жените да не им трнат рацете преку цела година.

Коментари

Коментари

Related Articles