Се сеќавате на овој легендарен потег? Вака Берлускони ја понижи Меркел пред неколку години (ВИДЕО)

 Breaking News

Се сеќавате на овој легендарен потег? Вака Берлускони ја понижи Меркел пред неколку години (ВИДЕО)

Се сеќавате на овој легендарен потег? Вака Берлускони ја понижи Меркел пред неколку години (ВИДЕО)
March 06
13:24 2018

Умерено десничарската коалиција на чело со партијата “Напред Италија” на поранешниот премиер Силвио Берлускони со освоени 37% од гласовите победи на парламентарните избори во Италија.

По се изгледа Берлускони ќе формира нова влада која ќе биде скептична во однос на Брисел и ќе се бори за спречување на миграциите кои ја зафатија Италија изминатите години.

При крајот на својот минат мандат Берлускони влезе во спор со лидерите во Брисел на кои му сметаа неговите изјави во однос на Русија. Тогаш Берлускони се залагаше Русија да не биде изолирана од остатокот на Европа, бидејќи според него тоа би предизвикало нова “Студена војна”.

Берлускони е познат и по конфликтот кој го имаше со германската канцеларка Ангела Меркел која во една прилика ја нарече “кучка”.

За време на неговата посета на Германија во 2009 година тој одби да се поздрави со канцеларката оставајќи ја да дреме на црвениот тепих, а неговиот изговор беше дека има важен телефонски разговор.

Се сеќавате ли на овој легендарен потег на италијанскиот премиер?!

Коментари

Коментари

Related Articles