Се менува законот, рударите ќе се пензионираат само со работен стаж

 Breaking News

Се менува законот, рударите ќе се пензионираат само со работен стаж

Се менува законот, рударите ќе се пензионираат само со работен стаж
September 14
16:33 2018

Рударите ќе се пензионираат само со работен стаж.

Жените со 35 години, а мажите со 40-годишен работен стаж, а за тоа се изготвени и законски измени, информира денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

На денешната седница, како што потенцира министерката била усвоена точката за измени и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што им овозможува бенфициран стаж на рударите.

Со досегашниот закон тие би заинувале во пензија на околу 58 годишна возраст, а со новиот закон тие ќе заминуваат во пензија на околу 50 години,

Таа посочи дека сега за секоја година пропорционално ќе им се пресметува бенифицираниот стаж и така побрзо ќе навршат 40 години бенифициран стаж и ќе можат да заминат во пензија.

Се очекува во 2019/2020 година околу 100 лица да го остварат пензионирањето врз основа на ова законско решение, нагласи Царовска.

Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека рударството е многу значајно за индустриското производство во Република Македонија.

Како сектор учествува со 8,31 отсто од индустриското производство, а директно и индиректно вработува над 10.000 граѓани во Република Македонија, посочи Бектеши.

Тој наведе дека ќе се работи и за дополнување и изменување на законот за минерални суровини.

Коментари

Коментари

Related Articles