САМСОНЕНКО: ГИ ОТФРЛАМ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ДЕКА ЗАМИНУВАМ, ЈАС ОСТАНУВАМ ВО ВАРДАР, ФК СО ИСТИ БУЏЕТ, РАКОМЕТНИОТ ТИМ СО -10%

 Breaking News

САМСОНЕНКО: ГИ ОТФРЛАМ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ДЕКА ЗАМИНУВАМ, ЈАС ОСТАНУВАМ ВО ВАРДАР, ФК СО ИСТИ БУЏЕТ, РАКОМЕТНИОТ ТИМ СО -10%

САМСОНЕНКО: ГИ ОТФРЛАМ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ДЕКА ЗАМИНУВАМ, ЈАС ОСТАНУВАМ ВО ВАРДАР, ФК СО ИСТИ БУЏЕТ, РАКОМЕТНИОТ ТИМ СО -10%
May 15
14:20 2018

Околу Вардар се шират серија шпекулации за неговата иднина, се очекуваше официјално произнесување на газдата на трите клуба г-н Сергеј Самсоненко. Па така денеска Самсоненко даде интервју за gol.mk. Во него расчистува серија дилеми и шпекулации и го најавува она што црвено-црната публика го очекуваше – ОСТАНУВАЊЕ. На негов својствен искрен начин ја презенира сегашната состојба и она што му е во план во иднина.

Каква е вашата иднина во Македонија?

Јас и претходно кажав дека ќе се бориме докрај и во лошо и во добро и ќе се трудиме да останеме како клуб во сите сегменти. Единствена промена ќе претрпи само женскиот ракометен тим. Женскиот ракомет не е толку популарен како машкиот. И покрај се, јас ќе продолжам да се борам. И да инвестирам во Вардар. Засега немам никакви други планови.

Колкав ќе биде буџетот на Вардар наредната сезона? Изминатата сезона се инвестираа 11 до 12 милиони за сите три клуба, каков е финансискиот план без ЖРК Вардар?

Парите од ЖРК Вардар нема да се одлеваат во другите два клуба. Фудбалот ќе биде со скоро ист буџет, а машкиот ракометен клуб ќе има мало намалување во буџетот, пред сѐ затоа што ќе дојдат нови играчи. Разликата во буџетот во однос на лани ќе биде 10-15%. Веројатно околу седум до осум милиони евра ќе одат во Вардар. Но, точно ќе знаеме по пресметките, кога ќе формираме комплетни екипи, односно кога ќе се договориме за продолжување на соработка со актуелните, како и кога ќе донесеме нови играчи и во фудбалот и во ракометот.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ТУКА!

Коментари

Коментари

Related Articles