Пуши ако имаш: Најевтината кутија цигари станува 1.000 денари, или 27 австралиски долари

 Breaking News

Пуши ако имаш: Најевтината кутија цигари станува 1.000 денари, или 27 австралиски долари

Пуши ако имаш: Најевтината кутија цигари станува 1.000 денари, или 27 австралиски долари
September 02
20:28 2018

Пушачите во Австралија наскоро ќе ги снајдат уште повисоки цени на тутунските производи. Најагресивната земја во борбата против пушењето во светот со овој потег зависноста од никотинот ја направи уште понеисплатлива.

Во најскапата земја за цигарите во светот тие отсега ќе чинат 27 австралиски долари (1.030 денари), што е приближно трипати повисока цена отколку во Германија.

Оваа мерка стапува во сила во почетокот на септември, а следната година цените на тутунските производи би требало да се покачат за дополнителни 12,5 отсто, со цел дополнително да се отстрани зависноста од пушењето.

Светската здравствена организација ги повика сите земји во светот да ги покачат даноците за тутунските производи, наведувајќи дека повисоките цени се најдобар начин за отстранување на пушењето кај постарите, но и кај децата. Истовремено, Австралија е првата земја во светот што прикажа вознемирувачки слики на кутиите на цигарите како мерка против пушењето

Коментари

Коментари

Related Articles