Претседателот Иванов не прифаќа ерга омнес за името, решение за севкупна употреба

 Breaking News

Претседателот Иванов не прифаќа ерга омнес за името, решение за севкупна употреба

Претседателот Иванов не прифаќа ерга омнес за името, решение за севкупна употреба
May 30
14:29 2018

За претседателот Ѓорге Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес, соопштија денеска од кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија.

Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Воедно,оттаму информираат дека шефот на државата во текот на утрешниот ден ќе го прими министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Коментари

Коментари

Related Articles