Пикисипи: Не доведоа во заблуда со прославата за НАТО, на концертот ќе кажам што мислам за цела ситуација

 Breaking News

Пикисипи: Не доведоа во заблуда со прославата за НАТО, на концертот ќе кажам што мислам за цела ситуација

Пикисипи: Не доведоа во заблуда со прославата за НАТО, на концертот ќе кажам што мислам за цела ситуација
July 13
09:34 2018

Фронтменот на рап составот Саф, Пикисипи преку социјалните мрежи вели дека не бил запознаен со типот на настанот за кој Владата го букирала. Тој утре треба да настапи во Струга а на социјалните мрежи вели дека е против промена на името.

На фановите кои ќе дојдат во Струга им порачува дека токму таму ќе го каже тоа што го мисли за целата ситуација.

Ќе настапам како дел од формацијата С.А.Ф. затоа што тоа е единствен начин (според мене) да се сочува ова парче земја кое се вика Македонија без понатамошно делење итн.. Покана за НАТО???? Не под услов!!!

Песните наши ги знаете, не се баш за славење. Единствена песна која е за прослава ‘Раце горе’ нема да ја изведуваме, бидејќи денеска или на 14 јули не се чувствувам дека треба да славам. Нека биде последен концерт засекогаш!

Сите овие години откако творам како што знам, никому не сум украл ништо, мирно спијам.

Никогаш не сум настапувал за некаква политичка опција. Изненаден од фактот дека сме добиле покана за НАТО и од желба да се видам со другарите реков – во ред, ако сакаат другите ќе дојдам и јас, но без политички амблеми.

Морам да признам дека сум изненаден од блуењето од т.н. фанови кои веднаш знаат да маваат со камења.

Јас ќе останам доследен на своето дело и тие што ќе бидат на концертот во Струга ќе може од прва рака да слушнат што мислиме како С.А.Ф. за новонастанатата ситуација.

Истата оваа Влада (партијата) ни го цензурираше концертот од 1998 година кога беше напишан албумот. Сега нè кани на заедничка прослава, иако на плакатот нема партиски обележја“, напиша Гаштаровски-Пикисипи.

Коментари

Коментари

Related Articles