Пановски: Или да се тргнат или да се легализацираат „Воинот на коњ“ и Порта Македонија

 Breaking News

Пановски: Или да се тргнат или да се легализацираат „Воинот на коњ“ и Порта Македонија

Пановски: Или да се тргнат или да се легализацираат „Воинот на коњ“ и Порта Македонија
June 03
09:20 2018

Споменикот Воин на коњ и Порта Македонија се дивоградби и затоа треба или да бидат отстранети или да бидат легализирани.

Ова го вели претседателот на Асоцијацијата на архитекти Мартин Пановски, кој беше дел и од комисијата за анализа на „Скопје 2014“, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Мислам дека во сите досегашни анализирани извештаи, скулптури, евидентиравме дека процедурите од почеток се противзаконски, на тој начин всушност сите градби кои што се од „Скопје 2014“, овие што сме ги истражиле досега, можеме да сметаме дека се дивоградби.

Од самиот почеток онаа надлежност што ја има за поставување на споменици, ниту едно не е преку Собрание, кое што е надлежно за поставување споменици, сите скоро се поставени или од Општина или од Град Скопје, од тој момент натаму сè би требало да биде ништовно.

Веќе прашање е на тоа дали да се работи подлабока анализа, по мене треба да се работи подлабока анализа, иако се нарушени сите тие законски процедури, треба да се навлезе во подлабока анализа што има во тие објекти, бидејќи во објектите во овој период поголем дел што сме го истражиле се скулптури.

Тој процес е краток, бидејќи се инвестирани поголема сума на пари и на крајот што со тој дел мислам дека ќе биде политичка одлука, а не стручна, вели Пановски за радио Слободна Европа.

Тој вели дека досега се изготвени извештаите за „Воинот на коњ“, „Порта Македонија“ и онаа скулптура што е кај Министерството за транспорт и врски, каде што е фамилијата на Александар Македонски, додека на прашањето дали власта е таа што треба да донесе одлука дали да се отстрани пример Воинот на коњ, вели е знае и убаво е пропишано со бесправно изградени објекти како се постапува.

Може да го пуштат на легализација, тоа е исто така одлука, бидејќи законот важи сè уште.

Општините може да ги легализираат тие објекти, но во моментот се дивоградби.

Општините по службена должност треба да прашаат и кој ја издал градежната дозвола, која што не би смеело да се издаде, каде се тие луѓе и дали некој ќе одговара за тоа?

Коментари

Коментари

Related Articles