Од полноќ се зголемуваат цените на горивата, ова се новите цени кои ги објави Регулаторната комисија за енергетика

 Breaking News

July 09
13:21 2018

Регулаторна комисија за енергетика денеска ги соопшти новите цени на бензините кои поскапеа за еден енар по литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1 денар во однос на цените утврдени со Одлуката од 26.06.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за половина денар и изнесува 64 ден/лит како и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) која се зголеми за половина денар изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 се зголеми за еден денар изнесува 34,711ден/кг.

Коментари

Коментари

Related Articles