Од денес плаќање во кеш само до 2.000 евра

 Breaking News

Од денес плаќање во кеш само до 2.000 евра

Од денес плаќање во кеш само до 2.000 евра
July 07
07:30 2018

Од денеска важи забраната за плаќање со кеш на стоки и услуги во износ поголем од 2.000 евра.

Оваа одредба предвидена во новиот Закон за спречување на перење пари кој влегува во сила в сабота треба да го намали работењето со пари во готово, што е детектирано како еден од вентилите за сива економија. Со стариот закон, лимит за готовински плаќања беше 15.000 евра.

Новиот закон предвидува уште поголемо затегнување на готовинските плаќања. Интенцијата, како што објаснуваат даночните експерти, е без картичка да можеш да купиш само нешто ситно. Законот предвидува од први јануари догодина, ограничувањето од 2.000 евра да се спушти на 1.000 евра.

А по половина година, од први јуни 2019, забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 500 евра во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции што не се извршени преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, вели законот. (

Коментари

Коментари

Related Articles