Ново предупредување од метеоролозите – Следуваат поројни дождови, грмежи и силен ветер

 Breaking News

Ново предупредување од метеоролозите – Следуваат поројни дождови, грмежи и силен ветер

Ново предупредување од метеоролозите – Следуваат поројни дождови, грмежи и силен ветер
May 13
08:25 2018

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи ќе биде времето денеска во Македонија. Утринската температура ќе се движи од пет до 12, дневната од 19 до 25 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Утринската ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 24 степени. Овие врнежи поради нивниот локален и краткотраен карактер не се очекува да предизвикаат излевање на поголемите реки низ земјава, иако, како што посочуваат од УХМР, е можно извесно зголемување на нивниот водостој.

– Доколку ваквите краткотрајни интензивни врнежи од дожд на поедини места бидат со висок интензитет можно е да предизвикаат брзо истекување кај малите реки и суводолиците низ земјава. Исто така, доколку процесите бидат поинтензивни проследени со силен ветер и во форма на невреме, можно е во градските урбани средини (вклучително и градот Скопје) поради неможноста за впивање на водата да предизвикаат брзо отекување низ градските улици, посочуваат од УХМР.

Оттаму препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците, како и на сите оние места каде во текот на утрешниот ден се очекуваат интензивни поројни врнежи од дожд. Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет.

Коментари

Коментари

Related Articles