Николовски: Каналите не се исчистени, ама парите легнале на сметки на бизнисмени блиски до власта

 Breaking News

Николовски: Каналите не се исчистени, ама парите легнале на сметки на бизнисмени блиски до власта

Николовски: Каналите не се исчистени, ама парите легнале на сметки на бизнисмени блиски до власта
September 10
16:41 2016

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и член на Извршниот одбор на СДСМ Љупчо Николовски денеска обвини дека во 2014 година, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, на фирми, како што наведе, блиски до власта им биле исплатени над 2,5 милиони евра за одржување на каналска мрежа за одводнување и наводнување на земјоделско земјиште и инвестиции наменети за водостопанство.

„Се работи за фирмите Стентон градба – близу 400 илјади евра, Силекс Неметали – близу половина милион евра, Трансмет – близу 700 илјади евра, Жикол – над 800 илјади евра“, изјави Николовски.

Рече дека во конечниот извештај за финаниското работење за 2014 година на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Државниот ревизор констатирaл дека близу 3 милиини евра биле исплатени преку оваа мерка без при тоа да биде спроведена контрола на самото место и за тоа официјалните контролори на оваа агенција да достават записници.

Николовски посочи на поврзаноста на фирмата „Трансмет“ со ТВ Нова, и на Силекс Неметали со Сител, две телевизии на кои, како што наведе, можат да се слушнат пофални зборови за власта. Тој обвини и дека во време на склучување на договорот со Силекс Неметали и исплата на парите, министерот за земјоделство Михаил Цветков, бил член на Управниот одбор на Силекс АД Кратово, што, според него, е класичен судир на интереси, за кој веќе поднеле кривична пријава.

Коментари

Коментари

Related Articles