Никола Димитров: Наместо на датум, да се фокусираме да создадеме европска држава

 Breaking News

Никола Димитров: Наместо на датум, да се фокусираме да создадеме европска држава

Никола Димитров: Наместо на датум, да се фокусираме да создадеме европска држава
July 10
17:38 2018

Македонија заслужи чиста покана од ЕУ за почеток на преговори, но земјата ќе го прифати тоа што и е дадено и ќе работи со тоа. Ова е пораката на Никола Димитров, македонскиот министер за надворешни работи од Самитот за Западниот Балкан во Лондон, пишува Република.

И утре да станеме членка Македонија се уште ќе биде истата земја. И наместо да се фокусираме на датум, да се фокусираме на тоа да ја направиме земјата европска – изјави Димитров. Министерот за надворешни работи се обрати на дебатата во рамки на Самитот „ЕУ – Западен Балкан“ во Лондон.

На прашањето за предизвиците од процесот кој и претстои на Македонија за пристапување, вклучително и референдумот и можноста тој да биде неуспешен, Димитров рече дека највисока одговорност на Владата е да се соочи со проблемот и да направи се што е можно тој да се реши и да се создаде можност граѓаните да изберат. Според него, шансите се дека граѓаните ќе го поддржат договорот, бидејќи се работи за битка меѓу минатото и иднината, меѓу стравот, виктимизацијата и надежта.

– Ќе го сториме најдоброто и се надевам дека ќе биде доволно. Верувам дека луѓето во Македонија во минатото правеле мудри избори кога се соочувале со вакви историски крстопати. Би било подобро ако имаме опозиција кој повеќе мисли на земјата, отколку на својата политичка иднина. Но можеби сите ќе созрееме во овој процес – рече Димитров. Еврокомесарот Јоханес Хан кој учествуваше на истата дебата за референдумот за името рече дека по храбрата одлука за Договорот за името, сега Унијата треба да го поддржи тоа дека е оддржливо. Хан говорејќи за проширувањето на Унијата и пристапниот рпоцес, рече дека кај сите земјите од регионот најголем предизвик е владеењето на правото.

Коментари

Коментари

Related Articles