Неколку часа пред почетокот, Аца Лукас го откажа настапот во Охрид

 Breaking News

Неколку часа пред почетокот, Аца Лукас го откажа настапот во Охрид

Неколку часа пред почетокот, Аца Лукас го откажа настапот во Охрид
August 06
20:10 2018

Балканската турбо-фолк ѕвезда Аца Лукас не настапи синоќа во ноќниот клуб „Awake“ во Охрид. Околу тоа дека настапот се откажува, тој ја извести јавноста на својата официјална страница вчера во 15 часот, буквално неколку часа пред почетокот на настанот.

Настапот во клубот „Awake“ во Охрид се откажува поради влошена здравствена состојба на Аца Лукас. Им се извинуваме на фановите, посетителите, пријателите кои имаа планови за вечерашниот настап и молиме за разбирање. За следниот настап ќе бидете известени на време – се наведува во објавата на неговата страница.

Билетите за настанот кој требаше да започне вчера од 23 часот и да трае до раните утрински часови се продаваа по цена од 500 денари. Од клубот информираат дека сите кои купиле билети ќе ги добијат парите назад, или пак ако сакаат можат да ги искористат за понатамошни настани.

Аца Лукас е чест гостин во земјава. Освен што пее во клубови и дискотеки, неретко настапува и на општински манифестации. Лани во мај беше најавен голем концерт на Лукас и на Драгана Мирковиќ во ВИП Арена, во Скопје, кој Мирковиќ го откажа поради, како што изјави, влошената политичка состојба во Македонија.

Коментари

Коментари

Related Articles