МВР објави видео од Ново Село струмичко – мотори, џипови, навигација, ноќни двогледи се само дел од опремата

 Breaking News

МВР објави видео од Ново Село струмичко – мотори, џипови, навигација, ноќни двогледи се само дел од опремата

МВР објави видео од Ново Село струмичко – мотори, џипови, навигација, ноќни двогледи се само дел од опремата
July 11
14:28 2018

Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев синоќа е приведен од полицијата.

Приведувањето го потврдија од СВР Струмица со соопштение.Во него се наведува дека синоќа во близина на село Бадилен, од страна на полициски службеници, се запрени две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари, а МВР објави и видео.

„Вчера околу 19 часот од страна на полициски службеници при СВР Струмица во близина на с. Баделен општина Ново Село, запрени се две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари.

Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С.(49) од с. Ново Коњарево.

Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозач С.В (26) од с. Ново Коњарево,биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии.

При преземањата на потребните мерки и дејствија лишено од слобода е и лицето М.Т (52) од с.Самоилово, кој управувал моторцикл марка „Hamachi“ без регистарски таблици.

При превземање на мерки во обид за бегство на второто возило, од страна на полициски службеници биле испукани два предупредувачки куршуми. Извршен е увид од страна на СВР Струмица во присуство на Јавен обвинител.

Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, а пронајдените кутии со цигари се одземени. СВР-Струмица работи на целосно расчистување и документирање на случајот“ стои во соопштението од МВР.

Коментари

Коментари

Related Articles