Мицкоски жестоко му одговори на Заев: Ако го најдам МицкоВски ќе му пренесам дека си го барал

 Breaking News

Мицкоски жестоко му одговори на Заев: Ако го најдам МицкоВски ќе му пренесам дека си го барал

Мицкоски жестоко му одговори на Заев: Ако го најдам МицкоВски ќе му пренесам дека си го барал
September 27
17:08 2018

Ако го најдам вашиот пријател МицкоВски ќе му пренесам дека го барал еден политичар кој знае да си подлажнува и си го признава тоа.

Ќе му пренесам дека сте пишувале некои шеги за имплементација на закони.

За ова како и за губењето на името, идентитетот, очајната економска ситуација, за тоа колку далеку сме од ЕУ со ваква власт и многу други прашања ќе имаше прилика да дознаеш одговори на дебата која толку многу ја одбегнуваше оваа кампања со Мицкоски.

Еве јас да Ви кажам Zoran Zaev, европските закони ќе се имплементираат кога ќе одговараат сите што барале да се остават илјади евра зад “бишкарникот” на Мирчо.

Македонија ќе ве преживее и Вас и тие околу Вас.

Македонците не си ги продаваат честа и достоинството за сто евра.

Дајте да си го сочуваме идентитетот.

Откажете се од коцкање со нешто што не е Ваше.

Играјте all in со фирмите на Вице, а не со народот.

#МакедонијаЌеПобеди 🇲🇰

Заев го прозва Мицкоски преку Твитер и тоа со видео:

Коментари

Коментари

Related Articles