Местото на кое се снимани сцени од Џејмс Бонд сега е – остров на духови! (ФОТО+ВИДЕО)

 Breaking News

Местото на кое се снимани сцени од Џејмс Бонд сега е – остров на духови! (ФОТО+ВИДЕО)

Местото на кое се снимани сцени од Џејмс Бонд сега е – остров на духови! (ФОТО+ВИДЕО)
May 03
15:37 2018

Островот Хашима, познат и како Воен брод, се наоѓа на 15 км од јапонски Нагасаки, а тоа е едно од 505 ненаселени места.

Најзабележителни карактеристики на Хашима се напуштени бетонски станбени згради и ѕид кој го заобиколува цел остров, како штит од можни тајфуни.

Островот бил населен од 1887 до 1974. година, а во 1890. година го купила компанијата „Мицибуши“ и почнала проект со експлоатација на јаглен од дното на морето. Во 1959. година во Хашима живееле 5.259 жители.

Кога јагленот бил заменет со нафта во 60. години, рудниците со јаглен биле затворени во земјата, а денеска зградите се празни, а бројот на жители е – нула.

Островот имал повеќе од 30 станбени блокови, 25 продавници, училиште, два базени, болница и гробишта.

Туристите може да разгледаат четвртина од островот, но не смеат да се доближат до ниту една од градбите.

Хашима е користена за снимање на многу филмови. Панорамски снимки од Џејмс Бонд во филмот „Скајфол“, како и хорор филмот „Проект Хашима“.

Коментари

Коментари

Related Articles