Левица повикува на бојкот со негласање на референдумот, протести и крај на владеењето на оваа власт (ВИДЕО)

 Breaking News

Левица повикува на бојкот со негласање на референдумот, протести и крај на владеењето на оваа власт (ВИДЕО)

Левица повикува на бојкот со негласање на референдумот, протести и крај на владеењето на оваа власт (ВИДЕО)
September 12
07:33 2018

Левица ги повика граѓаните на бојкот на референдумот, односно да не излегуваат на гласање.

Од политичката партија велат дека граѓаните треба да ја спречат власта да владее понатаму бидејќи, како што велат, таа не е легитимна.

Левица исто така упати апел за донации за финансирање на кампањата против референдумот за да информира и да повикува на бојкот преку јавните сервиси.

Хактан Реџеп Исмаил од партијата вели дека Левица иницира граѓаните да излезат на протести во сите градови, да ги блокираат улиците и да го кренат гласот против договорот со Грција и рече дека тие ќе им се придружат.

„Со самото тоа што референдумот е консултативен, власта се плаши да понесе политичка одговорност.

Организирањето на референдумот не е добро, а граѓаните немаат доверба во резултатите.

Една од најголемите причини за бојкот е бидејќи договорот меѓу Заев и Ципрас не ги решава проблемите и прави поделби меѓу народите во Македонија“, рече Исмаил.

Според Алек Атевиќ, без разлика дали ќе има позитивен или негативен исход на референдумот, договорот со Грција ќе стапи во сила.

„Ги повикуваме граѓаните да се вклучат во организациите што се борат за човекови права и да го контролираат референдумот.

Албаниците се користат како плашило во Македонија.

Албанците мора да го одбранат своето достоинство.

Тие не се непријател, овде има само еден непријател, а тоа е класниот.

Овој референдум е за северна, не за европска Македонија“, вели Атевиќ.

Според Левица, македонските војници што ќе ги зема НАТО, ќе бидат враќани во лимени сандаци и пластични кеси, разнесени на парчиња.

Членовите на партијата велат дека претстојниот референдум мора да се бојкотира.

Видео прилогот на Левица – Граѓаните да ја спречат власта да владее понатаму го пренесе Макфакс видео:

Што се однесува до донациите, на фејсбук профилот на партијата стои вака:

„ПОВИК ЗА ПОЛИТИЧКИ ДОНАЦИИ

Левица е првата антиестаблишментска и надетничка партија во Република Македонија која ги штити правата на работниците, сиромашните и непривилегираните и која се финасира само од членарина на своите активисти, кои работат волонтерски.

Ние немаме богати олигарси кои ги спонзорираат нашите кампањи! Дури и финансиските средства од Буџетот на РМ, кои по закон ни следуваат, Министерството за правда одбива да ни ги исплати!?

Затоа, во овој клучен период на историски турбуленции, јавно ги повикуваме сите наши членови и СИМПАТИЗЕРИ кои сметаат дека токму Левица е партијата која ги застапува нивните политички гледишта и општествени интереси – доколку сакаат и можат – доброволно да донираат износ по своја волја на наведената трансакциска сметка, како би можеле поефективно и поефикасно да ја продолжиме Борбата против корумпираните елити која ја водиме уште од нашето основање.

Подобар свет е неопходен!
Подобар свет е можен!

#ЌеПобедиме“

Повеќе детали на следниот ЛИНК

Трибина: Бојкотот како самоодбрана – Гостивар

Политичка трибина на Левица во Гостивар. На трибината говореа:

Зоран Василески – член на Президиумот на Левица
Џејлан Велиу – член на Президиумот на Левица
Реџеп Исмаил – член на Президиумот на Левица

Коментари

Коментари

Related Articles