Курц пред референдумот во Македонија порача да се гласа за новото име „Северна Македонија˝

 Breaking News

Курц пред референдумот во Македонија порача да се гласа за новото име „Северна Македонија˝

Курц пред референдумот во Македонија порача да се гласа за новото име „Северна Македонија˝
August 06
14:17 2018

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја во моментов претседава со ЕУ, на 7 септември ќе ја посети Македонија, на три недели пред закажаниот референдум за промена на името, со кој треба да се реши спорот со Грција.

Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.

При последната посета на Заев на Виена, на крајот на јуни, Курц упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за новото име „Северна Македонија˝.

Договорот околу името на државата со Грција е одлучувачки напредок во процесот на приближување на Македонија до ЕУ, истакна Курц.

Според него, постигнувањето напредок за европската перспектива е еден од приоритетите на австриското претседавање со ЕУ.

ЕУ не е целосна без државите од Западен Балкан, подвлече Курц.

Тој за австриските медиуми најави дека со премиерот Заев сака да разговара за напредокот во скрининг процесот.

Коментари

Коментари

Related Articles