Кумството никогаш не се одбива – знаете ли зошто?

 Breaking News

Кумството никогаш не се одбива – знаете ли зошто?

Кумството никогаш не се одбива – знаете ли зошто?
September 02
21:51 2018

Кога велиме кум првата асоцијација која ни паѓа на памет е пријател за цел живот, кој никогаш нема да ве предаде и секогаш ќе биде покрај вас како дел од вашето семејство и на него може во секое време да се потпрете.

Кумот има посебно место на свадбата како и на сите прослави. Едно од верувањата е дека ако одбиете да бидете кум на венчавка во текот на целиот живот ќе ве следи несреќа и никогаш нема да ја најдете својата сродна душа, затоа што пред Бог сре одбиле да сведочите.

Некои веруваат дека покрај несреќата во љубовта, одбивањето на кумството носи и осаменост до крајот на животот, односно покрај себе нема да имате вистински пријател. Друго верување е дека кога ќе се одбие да се крсти дете вие никогаш нема да имате деца.

Исто така кумот при крштевањето се колне пред Бог дека ќе се грижи за тоа мало дете, што значи дека тој ќе преземе одговорност за тоа дете, ако на родителите нешто им се случи.

Коментари

Коментари

Related Articles