Кримскиот мост отворен со Путин зад воланот на камион! (ВИДЕО)

 Breaking News

Кримскиот мост отворен со Путин зад воланот на камион! (ВИДЕО)

Кримскиот мост отворен со Путин зад воланот на камион! (ВИДЕО)
May 16
12:09 2018

Рускиот претседател Владимир Путин го отвори друмскиот дел од Кримскиот мост со тоа што самиот го возеше камионот „камаз“, кој прв помина преку новата сообраќајница, претходно заблагодарувајќи им се на градежниците што го завршија половина година пред рокот.

„Искрено ви го честитам овој прекрасен празник. Во вистинска смисла на зборот – ова е историски ден.

Истгориски, бидејќи во различно историски епохи, уште во времето на царот, луѓето мечтаеја да го изградата овој мост. Благодарејќи ви вам, се случи чудо“, им се обрати на присутните шефот на руската држава.

Тој најави дека државата и понатаму ќе изведува вакви објекти низ целата земја, изразувајќи надеж дека вториот и третиот дел од мостот преку Керчки мореуз ќе бидат завршени квалитетно и во одредениот рок.

Путин за 15 минути го помина мостот од 19 километри, најдолг во Европа, а го следеше колона од 36 камиони.

По пристигнувањето на другата страна неговиот портпарол Дмитриј Песков им објасни на новинарите дека претседателот има возачка дозвола за Ц категорија, односно за возење камион, веќе дваесетина години.

Коментари

Коментари

Related Articles