Крај за НАТО? Германија и Франција се согласија да направат европска армија

 Breaking News

Крај за НАТО? Германија и Франција се согласија да направат европска армија

Крај за НАТО? Германија и Франција се согласија да направат европска армија
June 12
13:16 2018

Меркел и Макрон ги претставија плановите за реконструкција на Европската унија. За поголемиот дел од претставените промени се согласуваат двете страни, но има и разлики.

Тие се согласуваат за создавање на Европска армија, како и Европски монетарен фонд, како и повнимателна работа со мигрантите.

Тие сакаат да воспостават полиција на границите, кадешто ќе се пречекуваат мигрантите и ќе се обработат нивните податоци.

Германската канцеларка предложува и нов механизам со кој ќе се одбира претседател на Европската комисија, која ќе вклучува листа од Европски кандидати кои ќе се борат едни со други, но Макрон е скептичен за тој предлог.

Двете страни сакаат да креираат Европска армија, проект кој долго време е дискутиран во ЕУ. Според Макрон, европските воени сили треба да дејствуваат агресивно во меѓународни мисии, додека Меркел смета дека војската би требало да биде само за ЕУ.

Коментари

Коментари

Related Articles