Комити најавија протест: До сите што се вмешани во менувањето на нашето вековно име – ќе дојдеме по вас и вашата фамилија

 Breaking News

Комити најавија протест: До сите што се вмешани во менувањето на нашето вековно име – ќе дојдеме по вас и вашата фамилија

Комити најавија протест: До сите што се вмешани во менувањето на нашето вековно име – ќе дојдеме по вас и вашата фамилија
June 13
15:33 2018

На официјалната Фејсбук страница на најголемата навивачка група во Македонија, „Комити“ осамна објава во врска со договорот за промена на името. Објавата ја пренесуваме во целост:

– До сега не се мешавме во политичките одлуки, трудејќи се да останеме тоа што сме – навивачи.

Меѓутоа, ние го носиме светото име Комити, со самото тоа ние сме должни да го браниме во секоја прилика и против секого!

– Порака до сите што се вмешани во менувањето на нашето вековно име: ќе дојдеме по вас и вашата фамилија!

Ќе се воздигнат идеалите на нашите предци, а ние ќе докажеме дека сме достоинствени да ја носиме тежината на името што ни е оставено во аманет.

Сите кои биле, се и ќе бидат Комити, ако сте ја заборавиле нашата заклетва; „за слободна и независна Македонија“, не сте добредојдени повеќе на нашата трибина, ни во нашето опкружување! Да живее Вардар и Македонија!!!

Комити исто така за денеска најавија дека излегуваат на протест пред Собранието на Република Македонија во 20.00 часот .

– Ве повикуваме да ги оставите: вашите клубски обележја, партиските книшки, меѓусебните проблеми, заборавете на разликите помеѓу Вас. Ве повикува вашата Македонија да ја одбраните.

Соберете ги вашите родители, браќа, сестри, роднини, пријатели.

Дојдете денес пред Собранието на Република Македонија – да покажеме дека идеалот за слобода се уште живее во нашите срца.

Коментари

Коментари

Related Articles