КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Гнида!

 Breaking News

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Гнида!

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Гнида!
October 05
09:38 2016

Едно момче на село го задолжил татко му да ја изрине шталата каде што биле сместени нивните крави. Чистејќи ја така шталата, дошол до една крава која нон-стоп мафтала со опашката. Таа кутрата се бранела од мувите бидејќи било топло лето. Честопати ударите од опашката на кравата завршувале во лицето и по устата на момчето. На крајот итриот селанец се досетил, видел на таванската греда една шајка, земал столица, се качил и ја земал опашката на кравата. Врзал една врвка на опашката на кравата и ја дигнал нагоре да ја закачи, да неможе повеќе да му смета во работата. Бидејќи гредата била доста висока, се подигал, се подигал на прсти со кренати раце за да ја закачи опашката на шајката, и во еден момент му се скинал учкурот на пантолоните и истите му паднле. Во тој момент, влегува некој комшија – што да види опашката на кравата дигната до таван, на момчето пантолоните долу, задникот му свети, секс поза „ал ми сакаш“. Човекот зачудено прашува „Добро бре дете, што правиш?“, а момчето одговара:
“И да ти кажам право, нема да ми веруваш“

Вечерва, на оваа случка ме потсети помошникот тренер на МЗТ Алек Јончевски. МЗТ играше катастрофално, изгуби со разлика од 30-ина поени против Белградски „Партизан“.
Утре, нашиот клуб „Карпош Соколи“ во рамките на второто коло на АБА Лигата ја пречекува „Икокеја“ кој е тим од Република Српска зад кој што стои претседателот Додик.

Според правилата на АБА лигата, домаќинот е должен да му овозможи еден тренинг на гостинскиот тим, па така нашите кошаркари имаат тренинг до 20.30, а од 20.30 гостите од Република Српска. Правило е на тренингот да не смее да присуствува ниту да гледа, ниту пак да шпионира ниту еден играч, тренер ниту еден друг член од управата кога тренира противничкиот тим.

Заврши нашиот тренинг, и пред влезот на Арената „Борис Трајковси“ скоро половина час си правевме моабет со тренерот, помошникот тренер, претседателот на клубот и некои други симпатизери, кога до нас на скалите дојде човек на мотор со кацига, се симна од моторот, тргна по скалите и кога не виде дека сме ние – се стаписа. Тоа беше помошниот тренер на МЗТ Алек Јончевски. Се изненади.

Претседателот на „Карпош Соколи“ го праша „Каде си тргнал?“
– Треба да се видам со тренерот на „Икокеја“ – одговори Јончевски

Веднаш уследи второто прашање: „А, што ќе ти е тренерот на Икокеја?“. Тој не се снајде и рече „Треба да му дадам нешто.“

На што нашиот претседател на клубот му вели:
– „Ние овде ги чекаме да им заврши тренингот, дај ни го тоа што сакаш да му го дадеш, ние ќе му го дадеме“.
„Не“ рече Јончевски и набрзина се качи на моторот и избега.

Видете го мангупчево. Намерно беше дојден во 21.00 часот, а не во 20.30 кога почнува тренингот на нашиот противнички тим, затоа што тогаш би го виделе ние. Во 21.00 часот претпоставувал дека веќе ние сме заминати. Гмизавецот, дојде верувале или не, да им даде ЦД од натпреварот во „Супер Купот“ меѓу „Карпош Соколи“ и МЗТ, и направен скаутинг (анализа) на акциите и играчкиот потенијал на „Карпош Соколи“.

Замислете си, Македонец прави предавство на Македонци во корист на клуб од Република Српска.

Разочарувањето ќе беше нецелосно, ако потоа нашиот тренер кој е Србин не ни ги покажа пораките на „Вибер“ што му ги праќале управите на „Црвена Ѕвезда“ и на „Партизан“ за да им го испрати истиот натпревар од Супер Купот меѓу Карпош Соколи и МЗТ за да и „Црвена Ѕвезда“ и „Партизан“ да го изанализираат играњето на МЗТ.

Да потсетам, МЗТ со Црвена Ѕвезда играше во петокот, а вечерва играше со „Партизан“.

Внимавајте добро, нашиот тренер Србин од Белград не им го дал натпреварот на МЗТ на овие две Белградски екипи, затоа што во моментот лебот го вади во Македонија.

Јас немам чип во мозокот за да разберам ваков ментален склоп, да работиш на штета на сопствената земја, на сопствената нација. Ова младо момче еден ден очекува да биде селектор на Македонската репрезентација.

Меѓу државите има шпионажа и шпиони, но затоа постојат служби за разунавање и контра-разузнавање. Во бизнисот има индустриска шпионажа, и тоа е кривично дело. Е, ова е спортска шпионажа. Кога една гнида прави предавство на братски клуб од Македонија. А за првпат во историјата нашата држава има два клуба во Јадранска лига или АБА лигата.

Некогаш во Југословенската лига се натпреваруваше само Работнички од Македонија.

СЈО ваквите ги нарекува „заштитени сведоци“. Народот ги вика кодоши, во турско – комитите на овие им ги сечеле главите, а во партизанско време добивале метак во чело.

Бидејќи денес, овие свирепи воспитни мерки не постојат, гнидата заслужува една сочна плуканица.

Со која логика се воделе предавнициве?
Изгубивме вечерва ние, нека изгуби и Карпош Соколи.

И на крајот, повторно се враќам на момчето со опашката на кравата. Што и да ви кажам, незнам дали ќе ми верувате. Дали е ова можно?

Коментари

Коментари

Related Articles